Фондот за пензиско и инвалидско осигурување блокира сметки со измислени долгови за неплатен пензиски придонес, реагираат компании, кои тврдат дека редовно ги намируваат давачките кон државата, а и покрај нивните приговори, сметката пак им била блокирана. Cо контролата на ПИОМ се опфатени 20.000 компании во земјава поради неплатен пензиски придонес за изминати години од вкупно 20 милиони евра, од кои пред некој период беа блокирани сметки на 4.000 фирми. Од Фондот сега не откриваат колку вкупно сметки се блокирани, но велат дека досега контролирале 19.000 фирми, од кои успеале да наплатат само четвртина од долгот или помалку од 5 милиони евра. Фирмите што реагираа до нашата редакција се револтирани од некоректниот однос на државната институција, која ги блокира нивните сметки без да им достави записник за каков долг и од кој период се работи.
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување блокира сметки со измислени долгови за неплатен пензиски придонес, реагираат компании, кои тврдат дека редовно ги намируваат давачките кон државата, а и покрај нивните приговори, сметката пак им била блокирана.
„Дневник“ објави дека со контролата на ПИОМ се опфатени 20.000 компании во земјава поради неплатен пензиски придонес за изминати години од вкупно 20 милиони евра, од кои пред некој период беа блокирани сметки на 4.000 фирми. Од Фондот сега не откриваат колку вкупно сметки се блокирани, но велат дека досега контролирале 19.000 фирми, од кои успеале да наплатат само четвртина од долгот или помалку од 5 милиони евра.
Фирмите што реагираа до нашата редакција се револтирани од некоректниот однос на државната институција, која ги блокира нивните сметки без да им достави записник за каков долг и од кој период се работи.
- Деновиве Фондот за пензиско на големо дистрибуира со стотици решенија за блокирања на сметки на претпријатија со образложение на некаков записник за погрешно пресметани или помалку уплатени придонеси. Мојата фирма е мала и сме вработени само јас и сопругата. Добивме решение да уплатиме одредена сума во рок од 15 дена на Фондот врз основа на записник кој бил подготвен во април оваа година. Записникот не го добивме - раскажува сопственик на мала фирма од Прилеп.
Тој вели дека веднаш се консултирале со службите во подрачната единица од каде им сугерирале веднаш да поднесат приговор на решението и дека сметката нема да им биде блокирана.
- Поднесовме приговор уште истиот ден. Но многу се изненадивме кога веќе наредниот ден сметката ни беше блокирана - вели сопственикот на фирмата.
Тој прашува до кога владата ќе го цеди стопанството за да ги пополнува дупките во буџетот.
- Вработените во Подрачната единица на пензискиот фонд во Прилеп ни се пожалија дека имаат купишта решенија и дека работат и до 20 часот за да можат да ги дистрибуираат - вели Д.Ј. од Прилеп.
Неплатениот придонес во најголем дел се однесува на периодот од 2006 до 2008 година.
Во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување не откриваат колку сметки до сега се блокирани. Велат дека од контролираните 19.000 фирми досега наплатиле помалку од 5 милиони евра.
- Покрај наплатата на придонесите, целта на контролата е и да се исконтролираат и утврдат податоците за правилно пресметан и платен придонес поврзани со податоците за пријава на обврзник и осигуреник и навремено да се остваруваат правата од пензиско и инвалидско осигурување, а не да се оневозможи нивното работење - објаснуваат од Фондот.
Од таму информираат дека во текот на постапката се констатирани случаи каде Фондот не располага со податоци за обврзници што се веќе ликвидирани и престанале со дејноста, бидејќи истите не извршиле доставување на одјави, поради што системот ги генерира како активни осигуреници.
Според ПИОМ, најголем дел од обврзниците кои имаат неплатени или неправилно пресметани и платени придонеси должат од 100.000 до 250.000 денари, има доста и такви кои се блокиран поради долг од 500 до 100.000 денари, додека помал е бројот на компании чиј долг изнесува над 200.000 денари.